Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максимаплната температура во Охрид ќе достигне 16 степени.
Во понеделник не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени Целзиусови.
Г.М.