Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Охрид ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 32 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови времето ќе биде сончево и топло, а во деновите од викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

OhridNews