Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Охрид до 31 степен. УВ-индексот ќе има вредност 8.
УХМР за наредните денови прогнозира сончево и топло време со појава на попладневна облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Повремено и особено на крајот од работната недела ќе има услови во планинските подрачја за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
OhridNews