Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Охрид до 31 степен УВ индексот ќе изнесува 8.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во следните денови времето ќе биде сончево и топло со локална појава на облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
OhridNews