Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.
Во Охрид , сончево и топло со слаб северен ветер. Mаксималната температура ќе достигне до 32 степени.
Од УХМР најавуваат дека наредните денови следува период на претежно сончево и топло време. Во понеделник и во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер, над 60 километри на час.
OhridNews