Утрово во Охрид измерени се 12 степени. Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура во Охридскиот регион се очекува да достигне до 27 степени Целзиусови.

Според прогнозата на УХМР, во понеделник и вторник во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура.

OhridNews