Времето денес ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени.
Во Охрид, сончево и студено со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен.
Во наредните денови минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде утре и во петок кога на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Во недела и понеделник ќе има појава на утринска магла по одделни котлини.
OhridNews