Променливо облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, е прогнозата на синоптичарите за утрешниот ден. Во раните утрински часови локално ќе провејува слаб снег, а попладне ќе има сончеви периоди. Во Охрид минималната температура ќе биде -4, а максималната 1.

Во вторник, среда и четврток, се очекува сончево и студено време со слаб до умерен северозападен ветар.

Максималната температура во Охрид ќе биде од 2 до 6 степени, а минималната од -7 до -1.

OhridNews