Времето денеска изутрина ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени Целзиусови.
Во Охрид наутро студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 13 степени.
До недела ќе се задржи стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура. Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер.
OhridNews