Времето денеска ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната од -1 до 6 степени.

Во Охрид ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Според најавата на УХМР, денеска почнува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштат и под -10 степени.

OhridNews