Сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во источните подрачја ќе има услови за провејување на слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -3, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.

Во Охрид времето денес сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 3 степени.

И во недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со сончеви периоди и температури под просекот за овој период од годината. Постепен пораст на температурите ќе има од понеделник и во деновите потоа, кога ќе преовладува сончево време со појава на мала до умерена локална облачност, велат од УХМР.

Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Маврово каде што се измерени -16 степени, во Берово и Крушево -12, Крива Паланка -10, во Охрид и Прилеп – 9, Битола -8, Тетово, Штип и Виница -7, во Скопје, Демир Капија и Струмица -6, Дојран -3 и во Гевгелија -2 степена.

УХМР информира и дека на Попова Шапка има 65 сантиметри снег, во Крушево 63, а во Маврово снежната покривка е 51 сантиметра.

OhridNews