За божиќните празници не очекува сончево и стабилно време без екстремно ниски температури. Повремени врнежи од дожд се очекуваат утре попладне и во вечерните часови во западните делови од земјата. Наутро ќе биде студено со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 10 степени.
Слично време не очекува и во наредните денови. Во текот на денот сончево и релативно топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а максималната помеѓу 7 и 15 степени.
Г.М.