Претпладне променливо облачно. По одделни котлини постудено со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Охрид времето денес сончево и релативно топло со температура до 13 степени.

До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ќе останат пониски. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе има постепено топење на снежната покривка. Во петок попладне и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со северен ветер врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и на пониските места.

OhridNews