Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 27 степени Целзиуосови, а индексот на УВ зрачење ќе биде висок и ќе изнесува 9, информира УХМР.

Во четврток ќе биде потопло за два степена, а по подолго период пријатно време се очекува и за викендот. Според најавите претстојниот викенд ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне на север ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11-21 степен, а максималната од 29 до 26 степени.

OhridNews