Според прогнозите на синоптичарите, наредните денови во Охрид не очекува сончево и потопло време. Максималните температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од 30 до 35 степени, а минималните од 18 до 24 степени целзиусови.

Високите летни температури ги исполнаа плажите на охридското крајбрежје каде освежувањето се бара во езерските води. Температурата на водата е околу 22 степен.

Надлежните препорачуваат да се избегнува излегување на отворен простор во периодот од 10 до 17 часот, да се носи светла облека и да се пијат повеќе течности .

OhridNews