Сончево и натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина и над 70 км/час). Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има локален пороен дожд. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Охрид времето сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 30 степени.
Утре преку денот и во недела претпладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Потоа продолжува стабилно време со нешто пониски дневни температури.
OhridNews