Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност предвидуваат метеоролозите за денес. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град.

Во Охрид утрово беа измерени 17 степени Целзиусови, а во текот на денот живата во термометрите ќе се искачи до 35-от степен.

Утринската температура во интервал од 13 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.