Времето денеска претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер над 60 километри на час и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Охрид утрово во 8 часот измерени се 25 степени. Во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.  Максималната температура ќе достигне до 33 степени Целзиусови.

Г.М.