Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 16, а максималните ќе се движат од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Охрид максималната температура ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови во земјава ќе преовладува многу топло време со позначителен пораст на температурите. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во средината на седмицата.
OhridNews