Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Попладне ќе има услови за ретка појава на локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.
Во Охрид до 28 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Од почетокот на следната работна седмица дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа во југоисточните делови и околу 40 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи
OhridNews