Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. По котлините ќе има појава на магла која околу пладне ќе се намали, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 9 степени.

Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Петровец – Велес – Гевгелија, соопштуваат утрово од ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Како што информира УХМР, продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5 степени, а максималната од осум до 15 степени.

Г.М.