Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Охрид денеска ќе биде биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.
Утре во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и услови за појава на град.
Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.
OhridNews