Денешното сончево и потопло време ги наполна терасите на кафулињата, чаршијата и кејот на езерото. Голем број охриѓани но и туристи кои престојуваат во Охрид, уживаа во сончевите зраци кои се повеќе од добредојдени после обилните врнежи од дожд и невремето кое го зафати градот во изминатите неколку денови.
Инаку, во Охрид во тек е сезоната на одржување на голем број семинари и конгреси, но присутни се и голем број странски гости кои убавото време го искористија за прошетка по стариот дел од градот и посета на најзначајните културно- историски споменици.
OhridNews