Најновите научни истражувања покажале дека во наредните три години Земјата може да ја погоди супер бура која може човечката цивилизација да ја врати во мрачното доба.

Доколку се случи спектакуларна „aurora borealis“ ќе се изгаснат сите светла на Земјата. Голем дел од планетата до утро ќе биде без струја, а пред полноќ ќе престане да функционира интернетот и сите мобилни телефони. Веќе вториот ден светот ќе биде во хаос. Доколку се оствари ваквото црно сценарио се проценува дека до крајот на 2013 година 100 000 Европјани ќе умрат од глад.


Сончева супер олуја ќе ја збрише човечката цивилизација?!

Предвидувањата кажуваат дека опоравувањето од таква „криза“ за која економската ќе изгледа како „мало бебе“, ќе трае две декади. Ваквото црно сценарио го предвидува магазинот „New Scientist“, и се смета за најголема закана за нашата генерација. Интересно е тоа што се предвидува дека најтешко погодени од сончевата супер бура ќе бидат високо развиените земји поради зависноста од електричната енергија, додека поради заостанување во развојот земјите од тртиот свет подобро ќе истраат во кризата.

Ohridnews