Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 20 степени Целзиусови.

Во недела попладне и особено на северот од земјата ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, краткотрајно засилување на ветерот, грмежи и ќе има услови за појава на град. Вдолж Повардарието и на исток ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Во Охрид ќе преовладува сончево, до умерено облачно и стабилно време. Минималната температура ќе се движи околу осмиот степен Целзиусов, а максималната ќе се искачи до 21 степен.

Во понеделник се очекува променливо облачно време од пладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, краткотрајно засилување на ветерот, грмежи и ќе има услови за појава на град. Минималната температура ќе се движи од 7-14, а максималната од 20-28 степени, информира УХМР.

OhridNews