Денеска ќе преовладува сончево и топло време. Минималната температура во Охридскиот регион ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 24 степени Целзиусови.

Во недела ќе преобладува сончево време со мала до умерена облачност и температура до 25 степени.

Периодот на сончево и уште потпопло време ќе продолжи и наредната седмица. Веќе во понеделник живата во термометрите на места ќе се искачи до 32-от степен. Сончево и топло време не очекува и во вторник и среда, информира УХМР.

OhridNews