Викендов не очекува сончево и пријатно време. Во текот на денешниот ден, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 29 степени.

И во недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 30 степени.

Во понеделник не очекува сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews