Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните делови. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 21 степен Целзиусов.

И во недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и топло со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура во Охридскиот регион ќе се спушти до деветтиот степен, а максималната ќе достигне 22 степени, информира УХМР.

Сончево време не очекува и во понеделник, а нова дестабилизација ќе има веќе од вторник.

OhridNews