Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачности со слаб до умрен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура во охридскиот регион ќе се движи до 17 степени Целзиусови.

Слично време ќе преовладува и во недела. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе се искачи до 16-от степен Целзиусов.

Топло и пријатно време ќе преовладува и во понеделник, кога на места температурата ќе достигне до 22 степени, Во вторник се очекува заладување на времето што ќе предизвика значителен пад на темтературите за околу 10 степени.

OhridNews