Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 28 степени, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 9.
Сончево со мала до умерена облачност ќе биде и во недела. На места во западните делови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд и грмежи. Од претпладне ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 29 степени, а УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
OhridNews