Сончањето спречува создавање на крвни згрутчувања, создавање на рак на матката и настанување на дијабетес, тврдат шведските научници.
Сончањето во последно време е на мета од докторите поради сите негативни последици кои може да ги донесе неумереното изложување на сончеви зраци, но шведските научници од универзитетот Лунд нештата ги сфаќаат малку поинаку-според нив сончањето е начин за продолжување на животот.
Според нивните уверувања изложувањето на сонце има повеќе предности од недостатоци. Овие контроверзни тврдења ги изнеле после проучувањата од ефектите од изложувањето на сонце на кое се изложиле 40 000 швеѓанки.
Како што тврди угледниот шведски онколог Хакан Олсон, жените кои се сончаат живеат подолго, бидејќи изложувањето на сонце спречува создавање на крвни згрутчувања, создавање на рак на матката и настанување на дијабетес.
Но, тој не застанува тука, туку тврди дека сончањето не е исклучиво одговорно за ракот на кожата, туку и останатите фактори кои, заедно со сончањето, предизвикуваат меланом.
Се разбира, умереноста и заштитните креми и понатака се најпрепорачливите методи за заштита и превенција.
извор:metro-portal.hr