Истражување спроведено на Универзитетот Калифорнија сугерира дека ниската концентрација на витамин Д во крвта е поврзана со поголем ризик за предвремена смрт.

Витаминот Д во телото најлесно се создава преку сончањето, но бидејќи изложувањето на сонце носи одредени потенцијални ризици, истражувањето се концентрирало на испитување на потребната дневна количина која може да се внесе орално.

American Journal of Public Health објавил анализа на податоци собрани за потребите на 32 претходни студии. Севкупно биле вклучени повеќе од 566 000 испитаници од десеттина земји.

Научниците врз основа на нови наоди препорачуваат дневен внес до 4000 меѓународни единици на витамин Д дневно.

Познато е дека витаминот Д има важна улога кога се работи за формирањето и растот на коските и абсорпцијата на калциум. Покрај тоа, витаминот Д овозможува нормална функција на имунолошкиот систем.

Затоа, преземете ги сите потребни мерки на претпазливост и снабдете го своето тело со витамин Д од најдобриот извор – сонцето.

 

извор:metro-portal.hr