Во организација на Црвен крст Охрид, вчера на Велики петок, преку 20 стари лица од одделот за геријатрија при Општа болница Охрид придружувани од персоналот на Геријатрија и активистите на Црвен крст го посетија Св. Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, каде запалија свеќи за здравје. Солзи, смеа и песна беа израз на нескриеното задоволство и радоста на нашите стари сограѓани од дружењето со младите и можноста на овој начин да го одбележат големиот празник Велигден.


Солзи и насмевка на лицата на старите сограѓани

Ohridnews