Два неверојатно неизвесни и крајно драматични натпревари понуди првиот ден од четвртфиналната разврска на Светското првенство во ракомет. Публиката во Загребска арена вечерва беше сведок на две супер возбудливи пресметки во кои се радуваа репрезентациите на Хрватска и Франција.
Во првото четвртфинале кодомаќинот Хрватска на неверојатен начин се врати од работ на бездната и со гол во последната секунда ја совлада Унгарија со 31:30. Унгарците имаа водство 26:30 на четири минути до крајот во кои хрватите со серија од 5:0 стигнаа до победа која ги води во полуфиналето.
Противник на Хрватска во полуфиналето ќе биде Франција која, исто така во драматичен меч, го совлада Египет со 34:33 со гол на Лука Карабатиќ во последните стотинки.
Четвртфиналната разврска ќе се комплетира утре со натпреварите Данска – Бразил и Германија – Португалија.
Г.М.