Светската награда за хуманизам за 2009 година што ја доделува Охридската академија за хуманизам постхумно му е доделена на познатиот руски писател и дисидент Александар Исаевич Солженицин, соопштија од Академијата вчера на прес-конференција во Скопје.
На Солженицин му се доделува ова високо признание заради неговиот живот и дело, целосно посветени на исконските стремежи на човекот за слободен духовен и хуман развој на неговиот ум и мисла.
Се очекува, наградата во јануари да ја прими неговата сопруга, која е и претседателка на Фондацијата „Солженицин“.
Делод неговите познати дела, меѓу кои „Архипелагот Гулак“, „Еден ден на Исак Денисович“, „Одделот за рак“, и „ Двесте години заедно“, ќе бидат преведени и на македонски јазик.
Великанот на руската книжевност, добитник и на Нобеловата награда во 1970 година, Александар Исаевич Солженицин почина на 3 август годинава во својот дом во близина на Москва на 89 години.
А.Р.