Пратеникот од опозицијата Дритон Кауши во вторник во косовскиот парламент активираше солзавец, обидувајќи се да го спречи усвојувањето на документот за разграничување со Црна Гора.
Кауши, инаку член на Самоопределување, со солзавец ја прекина седницата на Комисијата за надворешни работи, но нацрт документот беше усвоен. На дневен ред на косовскиот парламент треба да се најде во четврток.
Косовската влада нацрт законот за демаркација го прифати минатата недела, и покрај упорните протести на опозицијата која тврди дека со тоа Косово ќе загуби осум илјади хектари територија.
Кауши беше уапсен, а неговите колеги од Самоопределување најавија дека ќе продолжат да ја блокираат демаркацијата.
OhridNews