Екипата на Манчестер Јунајтед се измрани со водечката екипа на табелата во Премиер лигата, Ливерпул. „Црвените ѓаволи“ на ривалот на врвот им се придружија после победата (2-1) против Астон Вила на „Олд Трафорд“.
Секогаш треба да бидеме задоволни кога победуваме. Играта беше добра. Креиравме многу прилики. На крајот Ерик Баи реагираше пожуртвувано и многу веројатно ни спаси два бодови. Среќни сме што се израмнавме со Ливерпул на врвот од табелата, покажувајќи дека напредуваме на вистински начин. Играчите покажуваат голема желба за игра и го чувствуваме нивниот глад за успех. – изјави менаџерот на „ѓаволите“, Оле гунар Солскјер.
На Манчестер Јунајтед го очекуваат натпревари во ФА и Лига купот, а, потоа продолжува со мечевите во Премиер лигата.
OhridNews
Астон Вила падна на „Олд Трафорд“, „ѓаволите“ се изедначија со Ливерпул (видео)