Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, веројатно ќе биде следна дестинација за норвешкиот фудбалер и член на германски Лајпциг, Ерлинг Браут Халанд.

Како што пренесува „Дејли Меил“, менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле гунар Сослкјер во тајност се сретнал со Халанд и татко му кој го претставува како агент во светскиот фудбал. Двете страни пронашле заеднички јазик и фудбалерот на Олд Трафорд би требало да се пресели уште во зимскиот преоден рок.

19-годишниот фудбалер голгетерски експлодираше оваа сезона постигнувајќи 22 погодоци на 28 натпревари во сите натпреварувања. Вниманието го привлече со осумте погодоци во фазата по групи во ЛШ, што претставува нов рекорд со оглед дека Халанд беше дебитант во елитното друштво.

Манчестер Јунајтед голема конкуренција за потписот на Халанд имал од тимот на Борусија Дортмунд, кој исто така во тајност преговарал за потписот на Норвежанецот. Солскјер ги искористил личните познаства, бидејќи пред да се пресели на Олд Трафорд заедно со Халанда соработуваа во Молде.

OhridNews