Најдобриот стрелец во последната шампионска екипа во Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси упати серија критики до менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле гунар Солскјер после поразот (2-0) од Арсенал во дерби средбата. Холанѓанецот во емисија во живо рече дека Солскјер мора да покаже лутина, а не да се смее кога тимот ќе изгуби натпревар.
Англиските новинари на пресконфенрецијата пред мечот со Вулверхемптон во ФА Купот го прашаа Солскјер околу коментарите на Ван Перси. Предводникот на „ѓаволите“ изјави дека мислењето и коментарите на Ван Перси нема да го променат, туку ќе продолжи да работи по својот замислен концепт.
Не го познавам Ван Перси, а ниту тој ме познава мене. Мислам дека нема право да ме критикува и нема да го променам начинот на кој го водам тимот. Ван Перси од мене го доби дресот со број 20 и веројатно ништо повеќе од тоа. – изјави Солскјер.
Ван Перси на Олд Трафорд се пресели од Арсенал во 2012 година и во 86 одиграни натпревари постигна 48 погодоци, додека Солскјер дресот на Манчестер Јунајтед го носеше 11 сезони и постигна 91 погодок во 235 мечеви.
OhridNews