Фудбалерите на Манчестер Јунајтед мини серијата без победа во Премиер лигата ја прекинаа со убедлив триумф над Саутемпто со 9-0. За „црвените ѓаволи“ ова е највисок триумф во англиското елитно друштво после повлекувањето на Сер Алекс Фергусон од клубот. Вкупно седум фудбалери ја затресоа мрежата на „светците“, кои уште во втората минута останаа со фудбалер помалку, а мечот го завршија со девет играчи во поле. Саутемптон втора година по ред претрпува ваков висок пораз. Минатата сезона, на домашен терен со идентичен резултат изгуби од Лестер.
По ваков натпревар добивате голема самодоверба и секогаш е добро кога тимот постигнува голови. Сме виделе многу примери кога по рано исклучување, тимот се затвора и на крај успева да извлече нерешено. Во овој случај не беше така. За наша среќа, за кусо време ја искористивме предноста и потоа нашите играчите демонстрираа магија. Вечерта беше за уживање. – изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер.
Манчестер Јунајтед се изедначи на табелата со градскиот ривал Манчестер Сити, но „граѓаните“ имаат два натпревари помалку.
OhridNews