Манчестер Јунајтед направи чекор назад во битката за пласман во ТОП 4 во англиската Премиер лига претрпувајќи пораз на гостувањето кај Вулверхемптон (2-1). „Црвените ѓаволи“ поведоа со 1-0, но на крајот го изгубија мечот и значајни бодови во финишот од сезоната.

  • Ова беше меч во кој се ќе направиш како што треба и нема да постигнеше 2-3 голови за победа. Имавме одлични шанси, но нивниот голман бранеше фантастично. Вулверхемптон ја заслужи победата, бидејќи со погодоци ги казнуваа нашите грешки. – изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер.

Тој додаде дека во шесте завршни мечеви од Премиер лигата, Манчестер нема право на грешка. Распоредот не е така лесен за Манчестер, затоа што ги очекува меч со градскиот ривал Манчестер Сити и Челси на Олд Трафорд.

  • Ни требаа 15 бодови од 7 натпревари, а сега ни требаат истите бодови, но од меч помалку. Немаме многу простор за порази. Потешко е од претходно, но мислам дека имаме добар тим и ќе успееме да ја оствариме целта. – заврши Норвежанецот.

Помеѓу мечевите од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Барселона во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.

OhridNews