Пред принудната пауза во светот на спортот поради коронавирусот, Манчестер Јунајтед беше екипа со најдолга серија без пораз (11) и најмалку примени голови (2) во англискиот фуддбал. „Црвените ѓаволи“, со позитивни резултати се вратија во игра за ТОП 4, а сигурно чекорат во Лигата на Европак каде се големи фаворити за титулата.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле гунар Солскјер смета дека екипата се движи на правиот пат и дека знае што точно му треба на клубот за враќање во шампионскиот колосек.
Не сакам да зборувам за проблемите или работата на другите менаџери. Затоа ќе се задржам на тоа што е тука. Кога застанав на чело на Јунајтед, веднаш почувствував дека нешто треба да се промени. Се ослободивме од голем број играчи, а купивме само четворица. Во исто време промовиравме неколку млади играчи и полека сè си доаѓа на свое место. Не зборувам само за тактиката, туку и за играчкиот кадар. Имам филозофија, која мислам дека ќе му помогне на овој клуб. Јас сум „црвен“ и знам што му е потребно на Манчестер Јунајтед. Сега сме на вистинскиот пат, по кој треба да се движи овој клуб. – изјави Норвежанецот.
Солскјер на Олд Трафорд ја одработува првата година од тригодишниот договор. Тој позицијата менаџер ја наследи од Жозе Мурињо.
OhridNews