Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер пресече и изјави дека Пол Погба ќе биде играчот на кој ќе ја гради новата екипа која ќе треба клубот да го врати на старите шампински патеки. Францускиот репрезентативец преку неговиот агент Мино Рајола неколку пати го истакна незадоволството на Олд Трафод, но Солскјер очигледно дека има други планови со и за Погба.

  • Погба е фантастичен фудбалер и човек. Голем професионалец. Кога бев тренер во Молде секогаш говорев ако Погба е твој играч треба тимот да градиш околу него. Тоа го мислам и сега. Знаеме дека често е мета на критика, но има луѓе кои го сакаат. – изјави Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ минатата сезона во Премиер лигата финишираа на шестата позиција, а Солскјер смета дека искачувањето на табелата мора да има.

  • Сакаме да се искачиме во ТОП 4. Јас сум секогаш оптимиста. И да погрешам добро е да бидам оптимиста, отколку да погодам а да сум песимист. Не сум навикнат да го гледам Јунајтед како е петти или шести на табелата. Затоа предизвикот е уште поголем. Мораме напорно да работиме. Нашите играчи поседуваат квалитет кој треба да го потврдат во текот на сезоната. – заврши Норвежанецот.

За клупската легенда на „ѓаволите“ ова ќе биде прва сезона од почетокот, откако минатата кормилото го презеде од Жозе Мурињо кој доби отказ декември месец.

OhridNews