Манчестер Јунајтед ќе има нов лик следната сезона, откако менаџерот Оле гунар Солскјер одлучи многу да менува во ростерот на екипата. Дури девет играчи се најдоа на списокот од норвешкиот стручњак кои ќе треба да го напуштат Олд Трафорд.
Прв на листата е Алексис Санчез кој добива енормна висока плата во Манчестер Јунајтед, а потоа следува капитенот Антонио Валенсија и дефанзивците Маркос Рохо, Матео Дармијан и Ерик Баи. На списокот место има за шпанските фудбалери Хуан Мата и Андер Ерера на кои им истекува договорот после завршување на оваа сезона. За Мата нема никакви шпекулации, додека Ерера се поврзува со преселба во Пари Сент Жермен. Листата на фудбалери ја комплетираат Аксел Туанзебе и Тимоти Фосу Менсах кои се на позајмица во Астон Вила односно Фулам.
Ако се остварат најавите и „црвените ѓаволи“ се ослободат од овие девет фудбалери ќе мораат да ангажираат неколку фудбалери, што значи дека не очекува возбудлив летен преоден рок. Како потенцијални засилувања се споменуваат Жадон Санчо од Борусија Дортмунд и Калид Кулибали од редовите на Наполи.
OhridNews