Фудбалерите на Манчестер Јунајтед никако не можат да одиграат добар натпревар и да ја пронајдат вистинската форма. Синоќа на Олд Трафорд после изведувањето на пеналите го совладаа Рождал со 5-3 (1-1) и пласирајќи се во четвртфиналето избегнаа елиминација и брука пред своите гледачи.


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер свесен е дека клубот не е оди во посакуваната насока и затоа рече оти потребни сме промени во сите структури од клубот.

  • Знаеме дека мораме да направиме промени во сите нивоа во клубот за повторно да бидеме на нивото како порано. Свесни сме за тој факт и работиме на тоа. Во нашиот ген е да ги комплицираме работите. Имавме шанси да ја зголемиме предноста но не успеавме и потоа мораше преку пеналите да обезбедиме билет за понатаму. – изјави Норвежанецот.

Манчестер Јунајтед во седмата рунда од Премиер лигата ќе биде на нов испит. На Олд Трафорд го пречекуваат составот на Арсенал во дерби пресметката на колото. Мечот се игра в понеделник во 21 часот.

OhridNews