Екипата на Манчестер Јунајтед во полн состав во Австралија ги одработува главните подготовки за новата сезона. Предводникот на „црвените ѓаволи“ Оле гунар Солскјер задоволен е од почетокот на подготовките и во прва официјална изјави рече дека делуваат охрабрувачки.

  • За сега се функционира како што треба. Имаме фантастични фудбалери. Со нас се доволен број играчи кои ќе ни донесат успех. Се гледа дека новите фудбалер Џејмс и Ван Бисака се вистински засилувања и сакаат да се докажуваат. Знаеме дека минатата беше разочарувачка, но свесни што треба да направиме во новата. Се надеваме дека ќе се приближиме до водечките тимови во лигата и секако дека планираме да се бориме за трофеите. – изјави Солскјер.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Солскјер зборуваше и за Пол Погба, кој секојднево ги полни медиумите ширум светот.

  • Погба за мене никогаш не е проблем. Кога и да е на теренот го пружи најдоброто од себе. Тој е прав професионалец. До сега е фантастичен на тренинзите. – додаде Солскјер.

Норвежанецот истакна дека клубот ќе му понуди нов договор на голманот Давид де Хеа и оти летниот преоден рок се уште е отворен и „ѓаволите“ можат да ангажираат уште некој фудбалер.

OhridNews