Манчестер Јунајтед следната сезона ќе игра во Лигата на Европа, откако не успеа да обезбеди пласман во ТОП 4 во Премиер лигата и билет за учество во Лигата на Шампиони. Надежите на „црвените ѓаволи“ згаснаа после разочарувачкото реми против последнопласираниот Хадерсфилд 1-1.
- Постојат причини поради кои сме на позицијата каде што се наоѓаме. Во текот на целата сезона не бевме доволно добри да се избориме за местата на табелата кои водат во ЛШ. На крајот и не е изненадувачки, иако се надевав дека можеме и многу подобро. – изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер.
Тој не го криеше разочарувањето и изјави дека за некои играчи мечот со Хадерсфилд беше последен во дресот на Манчестер Јунајтед. Имиња не сакаше да споменува.
- Не сакам да зборувам за поединци и нивните настапи, но постои добра шанса некои од играчите да ги гледате последен пат во дресот на Манчестер Јунајтед. Не е фер да кажувам имиња, но тоа ќе им го кажам на фудбалерите в лице. – додаде Норвежанецот.
Англиските медиуми веднаш почнаа со шпекулациите, а прв на мета се најде Пол Погба, кој неодамна флертуваше со Реал Мадрид.
OhridNews