Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за ривалството со Ливерпул пред денешниот меѓусебен дуел.

Тоа е големо ривалство поради историјата на двата клуба и бројот на освоени титули. Ова е приказна која постои помеѓу два града и два фудбалски клуба. Ова е ривалство што вреди да се заштити. Ливерпул е многу добар тим. и игра одлично последните четири сезони. Ние направивме одредени чекори, а следниот е повторно да бидеме повисоко на табелата. Минатата сезона е историја. Се надевам дека ќе бидеме подобри оваа сезона, изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед ќе биде домаќин на Ливерпул во 9. коло од Премиер лигата. Во пресрет на мечот, Ливерпул има 18 бода, Јунајтед 14. Почетокот е закажан за 17:30 часот.

OhridNews