Манчестер Јунајтед остана на врвот од табелата во англиската Премиер лига, освојувајќи ги трите бодови на „Кревен Котиџ“, со победата над Фулам со 2-1. „Црвените ѓаволи“ осми пат сезонава на гостински терен победуваат, откако домашниот тим ќе постигне прв погодок или ќе поведе.

Многу лошо го отворивме натпреварот. Нивниот погодок уште во петтата минута од мечот не разигра. Иако успеавме да постигнеме погодок и да изедначиме во првиот дел, не бевме на нивото кое го посакуваме. Меѓутоа во второто полувреме изгледавме одлично, на чело со Погба. Тој е фантастичен, не само поради погодок кој го постигна, туку за неговата подготвеност и желба за игра. – изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер.

На половина од сезоната во Премеир лигата, Манчестер Јунајтед е лидер и заедно со Манчестер Сити главни претенденти за титулата во Англија.

Нормално е да се зборува за нас како потенцијални кандидат за титулата, но јас мислам дека се уште е рано. Добро е што напредуваме. И само со таков пристап ќе можеме да се одржиме на местото каде што се наоѓаме. – додаде Солскјер.

Манчестер Јунајтед викендов ќе ги одмери силите со Ливерпул во ФА купот, а потоа ќе се сретне со Шефилд Јунајтед во рамките од Премиер лигата.

OhridNews

 

„Ѓаволите“ не го даваат врвот, мајсторија на Погба за триумф на „Кревен Котиџ“ (видео)