Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле гунар Солскјер почна да ги крои плановите за изгледот на екипата за следната сезона. Норвежанецот ќе ја започне сезоната од почеток и ќе има буџет околу 250 милиони евра за ангажман на нови фудбалери.
Речиси половина од предвидениот буџет, клубот од Олд Трафорд, планира да ги потроши на Жадон Санчо од редовите на Борусија Дортмунд. „Милионерите“ одбиваат продожба, но „црвените ѓаволи“ се подготвени 100 милиони евра за англискиот репрезентативец.
Славниот англиски клуб со околу 70 милиони евра ќе се приклучи во трката за членот на Ајакс, Матијас де Лихт. Фудбалерот со само 19 години покажа одлична фудбалска зрелост и заслужено ја носи капитенската лента во екипата.
Последните двајца фудбалери кои се наоѓаат на листата од Солскјер се дефанзивецот на Кристал Палас, Арон ван Висака и офанзивецот на Челси, Калум Хадсон Одои. Вкупната вредност на овие двајца фудбалери се проценува 80 милиони евра.
OhridNews